Живот
15. November 2018 - 10:09

Бисерно-дијамантски приврзок на Марија-Антоанета продаден за 32 милиона долари

Сто парчиња накит кои ѝ припаѓале на француската кралица Марија-Антоанета, односно на семејството Бурбон-Парма беа продадени за 53,2 милиона долари на аукција на Сотби’с во Женева. Тоа е светски рекорд за кралска колекција накит.

Од нив, еден голем приврзок од бисери и дијаманти, како и десетина други предмети, ѝ припаѓале на Марија-Антоанета, сопруга на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Првичната цена била три милиони долари, а крајната – 43 милиони.

Само приврзокот на крајот чинел речиси 36,5 милиони франци, износ речиси 20 пати повисок од првичната понуда. Наддавањето траело 10 минути, а купувачот претпочитал да остане анонимен.

Некои од скапоцените предмети не се видени во јавност над 200 години, откако кралот и кралицата во 1793 година беа убиени во Француската револуција.