Фудбал
3. September 2015 - 10:03

Бироф: На фудбалот му треба „Селери кеп“

Менаџерот на германската фудбалска репрезентација, Оливер Бироф изјави дека дефинитивно мора да се менува трансфер системот со контролирање на заработката и воспоставување на систем околу трансферот на играчи. 

Според мислењето на легендарниот центарфор само преминувањето на системот кој се користи во САД „селери кеп“ би можел да ги сочува талентите во Бундес лигата.