Свет
24. November 2017 - 8:44

Бин Салман: Иранскиот ајатолах Хемнеи е „новиот Хитлер на Блиски Исток“

Саудискиот принц престолонаследник Мухаме бин Салман изјави дека иранскиот врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи е „новиот Хитлер на Блиски Исток“.

Бин Салман, кој е и саудиски министер за одбрана наведе дека „треба да се застане на патот на експанзијата на Иран“.

- Ние научивме од Европа дека смирувањето не функционира. Не сакаме новиот Хитлер од Иран да го повтори тоа на Блискиот Исток што и се случи во Европа, наведе Бин Салман.

Тој додаде дека за Ријад е најважно да ја зајакне својата сила и економија.