-->
-->
Билиќ и Јурчевиќ казнети со по 8.000 фунти
-->
Хрватскиот тренерски тандем на клупата на Вест Хем, Славен Билиќ и Никола Јурчевиќ без жалба ја прифати казната која им ја изрече Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Менаџерот на Билиќ, избегна потешка казна за неговото недолично однесувањето на натпреварот меѓу Вест Хем и Вест Бромвич Албион, откако домаќинот во последен момент успеа да го израмни резултатот на 2:2, а разлутениот Билиќ го фрли телевизискиот микрофон, незадоволен од одлуката на судијата Мајкл Оливер за продолжување на средбата. Јурчевиќ пак уште во 19.минута, беше испратен на трибините откако го напушти техничкиот простор и му приговараше на судијата Оливер.
Бидејќи двајцата Хрвати ја признаа вината, ФА реши наместо со вообичаената суспензија од еден меч, да ги казни парично со по 8.000 фунти, одлука која Билиќ и Јурчевиќ ја прифатија без приговор.
Тоа значи дека двајцата ќе може да седат на клупата на Вест Хем на следниот меч кој популарните „чекани“ ќе го играат на гостински терен против Ватфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прекина бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
ДУИ за законот за јазици: 11 декември е денот кога ќе се смени се
-
ЛДП против интерпелациите
-
Обезбедувањето на Гаши во тешка сообраќајна несреќа
-
Продолжува бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, МОН бара јавноста да не прави притисок
-
Тик Ток летот на „Супермен“ што ги приземји македонските ученици со сериозни повреди
-
Мицкоски прифаќа минимална плата од 450 евра ако така се договорат синдикатите и работодавачите