Македонија
19. December 2015 - 16:51

Билетите на ЈСП нема да поскапат туку ќе поевтинат

Воведувањето на електронските платежни билети во ЈСП ќе значи поефтин превоз за жителите на Скопје.

Првиот човек на претпријатието и градскиот татко ги демантираа пишувањата во медиумите дека скопјани ќе ја дочекаат новата година со поскапи автобуски карти.

Месечниот билет од 1460 се намалува на 1400 денари а годишната карта ќе се купува за 15400 денари. Цената на билетот за едно возење останува иста односно 35 денари доколку се купи во 

Според Јанушев ќе се воспостави и унификација на цената на билетите на јавното претпријатие и приватните превозници. Се предложува и нов вид билет кој ќе чини 60 денари а ќе трае 90 минути, и тој ќе биде погоден за лицата кои менуваат два или повеќе автобуси.

Трајановски и Јанушев апелираат до граѓаните, што поскоро да ги извадат електронските билети во продажните места на претпријатието и да избегнуваат купување карти во автобусите со цел да се намали времето кое возачот го минува на постојката.