Свет
19. April 2016 - 10:49

Билансот на жртви од земјотресите во Јапонија достигна 45 лица

Бројот на загинати од двата силни земјотреси, што ја погодија Јапонија во четртокот и петокот, порасна на 45 лица, соопштија денеска властите во Токио. 

Спасувачките екипи денеска пронајдоа едно тело во планинскиот регион, каде земјотресот предизвикал свлечиште. 

Доцна синоќа беа пронајдени две тела, од кои едното му припаѓа на еден од  деветмината жители од планинско гратче Минамиасо, кои се водат како исчезнати.

Во земјотресите и свлечиштата што тие ги предизвикаа во префектурата Кумамото, на јужниот јапонски остров Кјушу, се повредени над 1.000 лица.

Околу 100.000 лица останаа без покрив над главите, од кои некои ноќта ја минале во своите автомобили. Во погодените реони има недостиг од храна и вода. 

Како пто јави ТАСС, јапонското Министерство за правда соопшти дека во настраданите подрачја ќе испрати 35.000 стандардни затворски оброци храна, за да се олесни ситуацијата.

Голем дел од водоводите во погодените реони се прекинати, како резултат  на тоа 119.000 апартмани и приватни домови немаат вода.

Без електрична енергија се останати 13.000 домови.