Свет
19. January 2017 - 14:16

Билансот на загинатите во нападот во Мали достигна 77 лица

Седумдесет и седум лица загинаа во вчерашниот бомбашки напад врз воен камп во северно Мали, изјави денеска портпаролот на француската армија. 

Франција презеде воена операција во Мали во 2013 година за да ги протера исламистичките групации, кои ја презедоа контролата врз поголеми територии една година претходно. 

Џихадистичката група Ал Мурабитун, поврзана со североафриканскиот огранок на Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот во Мали, во кој беа повредени 115 лица.

Нападот се случил во воената база во градот Гао, каде се сместени војници на Мали и стотина поранешни борци кои потпишаа мировен договор со Владата.