Свет
6. October 2015 - 10:03

Билансот на загинати во свлечиштето во Гватемала достигна 161 лице

Најмалку 161 лице загина, а околу 300 се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето во Гватемала, во кое стотина куќи беа срамнети со земја, изјави денеска шефот на Службата за брзи интервенции, Алехандро Малдонадо. 

Припадниците на спасувачките тимови во местото Санта Катарина Пунула пронајдоа цели семејства, кои земјата живи ги затрупала. 

Црвениот крст на Гватемала упати апел преку Твитер налогот поради зголемената потреба од сув мраз во локалната мртовечница. 

Во местото Санта Катарина Пунула, во југоисточниот дел на главниот град на Гватемала, дождот покрена лизгање на земјиштето и тони земја, камења и дрва се урнаа во чевртокот вечерта врз станбен кварт во кој се уништени 125 куќи.