Loading Video...
Фудбал
19. December 2019 - 16:02

Биланс од „војната“ по „Ел Класико“ – 50-тина повредени и 9-мина уапсени

Големото фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, односно каталонската од една и шпанската „кралска“ гордост од друга страна, имаше и трето полувреме и тоа надвор од стадионот „Камп Ноу“.
 
Политичката нетрпеливост меѓу Каталонија и Мадрид и немирите кои се случуваа пред речиси два месеци, беа и главната причина за првичното одложување на „Ел Класико“. Во октомври месец. 
 
Фудбалската „војна“ од теренот за момент се префрли и на трибините каде беа истакнати илјадници транспаренти со барање независност на покраината од шпанската престолнина, како и ослободување на „политичките затвореници.
 
Сепак. Вистинската битка се водеше надвор од „Камп Ноу“ каде дојде до судир меѓу полицијата и голем број на демонстранти. 
 
Запалени контејнери, барикади, каменување, беа сцените во близина на „Камп Ноу“, по што исходот е девет уапсени и 50-на повредени од немирите