Живот
18. November 2016 - 13:54

Бил наркоман и бездомник прекриен со чиреви, денес е милионер

Калил Рафати (46) бил наркоман и бездомник кој станал милионер и могул во Малибу. Ваквиот неверојатен пресврт го направил благодарение на одлучноста да го промени животот на подобро.

Пред 13 години Калил бил зависник од хероин , кој живеел на улица во озогласениот кварт во Лос Анџелес, Скид Роу. Имал 46 килограми, кожата му била покриена со чиреви и бил во состојба да направи било што само за да дојде до дрога.

milioner-gif2

Денеска тој е сопственик на царството за здрави сокови „Sun Life Organic“ а неговиот бизнис од Малибу се проширил на други шест локации во Лос Анџелес.

Ова е неговата приказна:

Калил во Лос Анџелес се доселил од Толедо, од каде што побегнал од своето семејство кои го злоставувало а набрзо по преселбата се вработил како продавач на спортски автомобили.

Со цел да заработува повеќе, почнал да продава марихуана, а со тек на време тоа прераснало во поголем бизнис, па продолжил да продава и екстази и други видови на дрога. Една вечер, тој одлучил да проба хероин и тогаш неговиот живот засекогаш се променил и почнал да се распаѓа.

Многу брзо се нашол во пеколот на зависноста и за малку ќе умрел кога вооружени напаѓачи кои го нападнале, додека бил бездомник, кога изгубил се. Во 2003 година, се нашол на самото дно и бил во затвор 6 месеци.

Откако излегол, одлучил дека мора да престане да се самоуништува. Ја оставил дрогата, алкохолот и сфатил дека дошол до самото дно.

Одлучил да го спроведе планот кој го смислил додека бил во затвор. Започнал да прави сокови за пациентите во центарот „Ривиера“. Првиот сок кој го направил бил од банана, а имал за цел на луѓето да им даде енергија и потребна сила за да останат „чисти“.

milioner-gif1

Соковите кои ги правел не само што им се допаднале на пациентите, туку и на останатите луѓе кои за нив дознале преку оние кои го консумирале.

-Беше малку непријатно кога луѓето, кои не се членови на центарот, доаѓаат да побараат сокови, но потоа увидов дека сето тоа може да биде корисно, објаснува Калил.

Одлучил да започне да ги рекламира своите сокови и здравиот начин на живот. Полека ја отворил првата кафетерија, а подоцна поради интересот на гостите, неговиот бизнис започнал да се шири, за на крај да изгради бизнис вреден милиони долари.

milioner-gif3

Тој за себе вели дека не е обичен милионер, иако ужива во луксузот…сепак останува на ставот дека нема никогаш повеќе да проба дрога или алкохол.

Инаку неговата кафетерија станала многу позната поради напитоците, како што се „Еликсир на животот“, „Среќа“, а многу често гости се познати лица како Ентони Кидс од Ред Хот Чили Пеперс, како и  актерот Дејвид Духовни од Досие Х.

Само за 5 години, со многу труд успеал од наркоман и бездомник да стане милионер.