Бил Козби оди во затвор поради сексуален напад
Американскиот актер Бил Козби е осуден денеска на затворска казна во траење од три до 10 години поради сексуално злоставување жена.
– Време е за правда. Господине Козби, се ви се враќа сега. Дојде и тој момент, наведе судијата Стивен О’Нил.
Тоа значи дека Козби нема да може да биде во затвор помалку од три години, а повеќе од 10.
Судијата додаде дека Бил Козби ќе биде класифициран како „сексуално насилен предатор“, односно ќе биде регистриран како сексуален престапник до крајот на животот со обврска да оди за лекување и советување, и известување на заедницата каде живее дека „тука живее сексуално насилно лице“. За тоа ќе бидат известени соседите, но и школите и детските установи.
Бил Козби (81) беше осуден во април за силување на Андре Констант во неговата куќа во предградие на Филаделфија во 2004 година. Адвокатите на Козби бараа казна – домашен притвор поради старост.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите