Македонија
26. March 2016 - 16:16

Бил Кован: Груевски го одржа ветувањето, Заев соочен со пораз повторно се заканува со бојкот

Приватно снимени и монтирани снимки објавени мината година од опозициските пост-комунистички социјал-демократи предводени од Зоран Заев, се главната причина за политичката криза во Македонија. Ова во колумна за Дејли Колер го пишува Бил Кован еден од клучните соработници- коментари на телевизиската мрежа Fox News, врвен безбедносен експерт со бројни позиции во безбедносниот сектор.

Тој смета дека Заев знае дека е соочен со пораз на претстојните избори и повторно се заканува со бојкот.

За да се реши произлезената криза, партиите се согласија дека Груевски ќе даде оставка 100 дена пред изборите. Тој го одржа своето ветување, но Заев сè уште ги избегнува изборите кои веројатно ќе ги изгуби и побара нивно одложување до 5.јуни. Дури и откако владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се согласи за новиот датум за избори, Заев, соочен со очекуваната победа на Груевски повторно се заканува со бојкот. Заостанувајќи во националните анкети на јавното мислење, Заев ефективно се обидува да ја пикне својата земја во задниот џеб на Владимир Путин и е подготвен да создаде политичка нестабилност кај нејзините соседи, пишува Бил Кован, аналитичар за телевизиската мрежа FOX NEWS

Во својата колумна Кован, го потенцира големиот напредок во последниот извештај на Транспаренси Интернешнл посветен на индексот за перцепција на корупцијата , според кој Македонија има најголем скок која го имала некоја земја и е пред многу земји членки на ЕУ и НАТО.

-Македонија е земја која ветува, со ниски даночни стапки и унапредување на политиките во областа на здравството и социјалната заштита под лидерството на Никола Груевски кој беше премиер повеќе од една деценија до јануари кога поднесе оставка. Земјата постигна напредок од 105. место на 64. место минатата година на угледниот индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл.

Кован пишува и за сериозните последици кои што ги трпи Македонија од мигрантската криза, со оглед на податоците дека само минатата година над 700 000 баратели на азил поминаа преку нашата територија – што е неверојатно за една држава со 2 милиони жители.

-Како и нејзините балкански соседи, Македонија ги затвори границите за навалата од бегалци. Тоа го прави со минимални ресурси, во суштина оставена и од НАТО и од ЕУ и според тоа, принудена сама да се справува со бегалците. Тоа воопшто не е лесна задача за една мала земја која е во самиот центар на портата кон централна Европа и пошироко. И со добра причина: двајца од сторителите на нападите во Париз се дојдени преку Македонија.

Американскиот аналитичар во својата колумна ја нагласил и посетата на Соединетите Држави, од поранешниот премиер Груевски, на која што тој доби уверување од потпретседателот Џо Бајден дека САД остануваат цврст партнер на Македонија и ја поддржуваат нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ.