Свет
31. July 2020 - 8:22

Бил Гејтс: Сите земји да се обединат во борбата против коронавирусот

Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, во новата онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм“.

– Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата против ширењето на вирусот започнува во секоја земја, но не смее да застане тука, рече Гејтс.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој порача дека сите земји мора да работат заедно во борбата против вирусот.

– Додека не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа, предупреди Гејтс.