Бил Гејт во 2020 година го напуштил „Мајкрософт“ поради несоодветна врска со вработена
Бил Гејтс во 2020 година го напуштил Управниот одбор на „Мајкрософт“, кога бордот на директори спровел истрага за поранешна романтична врска на милијардерот со вработена во неговата компанија, соопшти „Волстрит журнал“.
Основачот и поранешен шеф на американскиот технолошки гигант се повлече од претседателската фотелја во март 2020 година.
„Членовите на бордот на „Мајкрософт“ одлучија дека Бил Гејтс треба да се повлече од него уште во 2020 година, бидејќи спроведоа истрага за претходна романтична врска на милијардерот со жена вработена во компанијата, за која се сметаше дека е несоодветна“, јави весникот, повикувајќи се на луѓе запознати со случајот.
Тоа била „афера од пред речиси 20 години, која завршила спогодбено“, изјави портпаролката на Гејтс.
Според портпаролката, Гејтс го напуштил „Мајкрософт“ за повеќе да се фокусира на неговата филантропска организација, фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда, кои беа ко-основачи на нивната добротворна организација пред две децении во борбата против глобалната сиромаштија и болести, на 3 мај објавија дека се разведуваат по 27 години заеднички живот.
Портпарол на „Мајкрософт“ за француските медиуми изјави дека во втората половина на 2019 година компанијата била предупредена дека „Бил Гејтс во 2000 година се обидел да почне интимна врска со вработена во компанијата. Комитет на Бородот изразил загриженост, и потпомогнат од надворешна правна фирма, спровел темелна истрага “.
Вработената, инаку инженерка во компанијата, во писмо тврди дека „со години“ имала сексуална врска со Гејтс, јави „Волстрит журнал“.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка