Бил бездомник и наркоман, но благодарејќи на една ситница станал милионер
Халил Рафати (46) денес е мултимилионер и сопственик на ланецот барови „ SunLife Organics“, а пред само неколку години живеел без кров над главата и бил зависник од хероин.
Роден во Толедо, Рафати од семејниот дом побегнал во Лос Анаџелес затоа што трпел сексуално насилство. Заработувал некое време така што ги продавал автомобилите на богаташите, но животот набрзо му се срушил откако пробал хероин.
Кобна година за него била 2001, кога на домашна забава во Малибу намерно се предозирал и за малку не починал.
Наредните неколку години пробувал да ја исфрли дрогата од својот живот, но со мали успеси. Клучниот момент се селучил кога влегол во светот на суперздрвата исхрана.
- Во тој момент веќе го допрев дното. Не можеше полошо, раскажал Рафати во својата исповед за „New York Times“. Потоа одлучил да основа „дом за трезни“ во Малибу, каде го креирал и заштитниот знак на својот ланец на барови, Смути Вулверин.
- Целта ми беше да се освежат и зајакнат пациентите кои престојуваа кај мене. Во првите денови од трезнењето летаргијата е многу честа и брутална, посебно ако извлекувате од длабоко дно по злоупотребите на алкохол и дрога и затоа „бомбите здрав напиток“ многу помагаат, објаснува богаташот кој за својата одисеја напишал и книга „Заборави да умрам“ (I Forgot To Die).
Ново на Сител
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови