Фудбал
6. May 2020 - 19:55

БиХ забрани спорт до први јули

Во БиХ нема услови за спорт до 1. Јули соопшти кризниот штаб на  оваа земја. Останатите балкански земји се обидуваат да се рестартираат на фудбалски план и најавуваат фудбал во месец јуни и тоа без публика.  Во Европа засега сигурен е стартот на Бундеслигата откако денеска зелено светло за фудбал даде канцеларката Меркел. 
Големи се штетите од пандемијата во сите  пори на нашето живеење  со тоа и врз спортот. Клучниот збор во донесувањето на спортските одлуки го имаат здравствените власти.  Во оние најзагрозените земји во Европа веќе се прогласени прекини на првенството.  Оние најсилните шампионати најавуваат рестарт но очигледно со голема доза на страв за здравјето на фудбалерите и останатите вклучени лица. 
Од тие причини во БиХ здравствените власти забранија екипен и поединечен спорт со први јули. За разлика од нив во Црна Гора најавија рестарт на фудбалот на први јуни.  Во Србија Црвена Звезда и Партизан беа против продолжување на првенството но останатите клубови ги надгласаа па е донесена одлука првенството да продолжи од 30-ти мај.  На истиот ден ќе продолжи и фудбалското првенство во Хрватска додека во Турција е најавено продолжување на сезоната на 12-ти јуни.  Засега нема најава за продолжување на првенствата во Бугарија, Грција и Албанија од нашето блиско окружување. 
Во овие земји се очекува последниот збор да го кажат здравствените власти.  По многу пресврти конечно денеска канцеларот на Германија Ангела Меркел дозволи Бундес лигата да продолжи да се игра од 16-ти мај.  За разлика од Германија во Италија засега нема конечен датум за рестарт на фудбалот но клубовите полека се враќаат на тренинзите.  Властите во Шпанија пак бараат конечната одлука за рестарт на сезоната да ја донесат клубовите и федерацијата. 
УЕФА денеска го објави и датумот кога ќе се игра финалето на ЛШ, тоа е 29-ти август во Истанбул.