Балкан
20. April 2021 - 10:59

БиХ: Маж со митралез влегол на роденденска забава и пукал

Во Босна и Херцеговина на местото Кадино Врело дошло до пукање за време на корона-забава.

Според порталот „Кликс“, еден од присутните на забавата бил славеник, а се прославувал неговиот 18 роденден.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види забава, музика во живо се додека во еден момент во просторијата не влезе млад човек во црна облека и извика: „Исклучете ја музиката“.

Во рацете има и митралез, а веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука. Тука завршува снимката.

Истиот портал пренесува дека од полицијата потврдиле оти човекот е уапсен и дека никој не е повреден во инцидентот.