Балкан
22. February 2017 - 13:59

БиХ ќе поднесе барање за ревизија на пресудата по тужбата против Србија

Поранешниот правен застапник на БиХ во Меѓународниот суд за правда во Хаг, Сакиб Софтиќ отпатува денеска во Холандија каде најдоцна до 26 февруари ќе предаде барање за ревизија на пресудата за БиХ против Србија за агресија и геноцид.
 
Против поднесувањето на тоа барање се претседавачот со Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ и хрватскиот член Драган Човиќ.
 
Сараевски медиуми јавуваат дека Софтиќ утрово отпатувал во Хаг каде во присуство на адвокат ќе му предаде на Судот барање за ревизија на пресудата по тужба на БиХ против Србија.
 
Иваниќ за утре закажа вонредна седница на Претседателството на БиХ за барањето за покренување ревизија на пресудата по тужбата против Србија.