Балкан
11. March 2020 - 13:02

БиХ ќе ги затвори училиштата и факултетите поради новиот коронавирус

 

Наставата во сите училишта и факултети во Босна и Херцеговина од утре ќе биде прекината на две недели поради епидемијата со новиот коронавирус, најави министерот за здравство на БиХ, Вјекослав Мандиќ.

Тој додаде дека покрај наставата се прекинуваат и сите театарски претстави, но и многу спортски натпревари.

Советот на родители на кантон Сараево претходно побара наставата да се одвива на интернет, како превентивна мерка во наредниот период.