Бигорскиот манастир преполн со верници
Манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, беше претесен да ги прими сите верници кои сакаа во ова македонско древно светилиште да бидат во пресрет на раѓањето Христово – Божик.
Во Бигорскиот манастир беа и естрадните уметници групата Љубојна, потоа Некст Тајм, Димитар Андоновски и Елена Ристевска, кои пред присутните изведоа мини Бадников концерт. Тие присуствуваа и на сеноќното бдение.
На бдението игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј, со слово се обрати на многубројните присутни, кои беа од сите краишта на Македонија. Бдението продолжи до 6 часот изутрина, а традиционално отец Партениј најмладите ги израдува со божикни пакетчиња.
-Храмот беше навистина претесен да ги собере сите оние луѓе кои тука пристигнаа, а меѓу нив најмногубројни беа младите кои жедни за да се напијат од изворот на оваа духовна радост, го примија и благословот кој штедро им Го излеа Богомладенецот Христос, вели отец Кирил.
Инаку, во Дебар и Ростуше првпат вчера имаше бадникови поворки со четресеттитна деца од Дебар и неколку села од Река, опшина Маврово и Ростуше. Поради продолжениот викенд заживееја и селата од Мала Река, Тресонче, Гари, Осој…каде за празниците се некогашните жители и нивните потомци, кои денеска живеат главно во Скопје и Битола.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор