Бичиклиски: Разликата во квалитетот меѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна
На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо што е впрочем опус на целиот негов политички век досега, изјави на денешната прес-конференција Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека Петре Шилегов е свесен оти неговата партија на чело со, како што рече, неспособниот Зоран Заев е во тежок ендек дека пропаѓаат и свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје.
-Граѓаните на Скопје ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, ја знаат разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев. На градот му требаат стабилни чесни луѓе, а не луѓе кои што ќе го претворат градот за 24 часа во паланка, истакна Бичиклиски.
Потенцира дека на скопјани ќе им биде многу лесно на локалните избори. Според него, разликата во квалитетот во помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација