Македонија
30. April 2018 - 16:33

Библија на знаковен јазик - шанса за лицата со хендикеп да ја слушнат молитвата

Глувите и наглуви лица од Македонија имаа можност да се запознаат со христијанството.

Васко Марков  кој е претседател на националниот сојуз на овие лица вели дека чуствува духовна возбуда, тој како дете со својата баба одел во црква меѓутоа неговото присуство било само физичко немало кој да му каже што проповедаат свештените лица ниту пак да дознае нешто повеќе за библијата.

Тие бараат да се ангажираат сертифицирани толкувачи како во останатите иснтитуции така и во верските храмови со оглед на тоа дека земјава моментално располага само со 27 и тоа најчесто сконцентрирани во Скопје.

Целта на проектот Библијата и знаковниот јазик е верата да допре до нивните срца и да ја користат во нивниот живот. Библиското здружение на Македонија е едно од 148 те на светско ниво и меѓу 25 те во светот кои го реализираат овој проект .

Инаку во Македонија  според евидентирани податоци има од 6 до 8 илјади глуви и наглуви лица но се смета дека бројката е далеку поголема .