Кошарка
22. October 2015 - 9:14

БИБЛ: Втор пораз за Кожув

Кошаркарите на Кожув го загубија и вториот натпревар во БИБЛ лигата откако синоќа на гостувањето кај СИГАЛ Приштина беа поразени со 88:60. 

Во првиот дел негативата на гевгеличани беше пет поени 39:34, но во вторите 20 минути домаќинот беше подобар со 49:26.
Еден од најдобрите во тимот на Приштина беше Ѓорѓи Чековски со 11 поени и 10 скокови, а тренер на оваа екипа е Марјан Илиевски.
Пен во редовите на Кожув беше најефикасен.
 
Резултати 2.коло: Морнар - Берое 86:58, Сигал Приштина - Кожув 88:60 (А група), Левски - Ловќен 99:72, Теодо - Башкими 63:60 (Б група).
Табела А група: Морнар 2-0 (победи-порази), Сигал Приштина 2-0, Берое 0-2, Кожув 0-2.
Табела Б група: Теодо 2-0, Левски 1-0, Башкими 1-1, Ловќен 0-2, Пеќ 0-1.