Кошарка
23. November 2016 - 14:35

БИБЛ лига: Карпош Соколи гостува кај Сутјеска

 
 
Кошаркарите на Карпош Соколи денеска ќе го играат петиот натпревар во регионалната Балканска лига (БИБЛ). 
 
Составот на Карпош С. гостува во Никшиќ кај црногорската екипа Сутјеска во натпревар од Б групата во која утре ќе играат Трепча – Тирана, а слободна во оваа рунда е екипата на Фени Индустри. 
 
Вчера, македонските екипи во А групата, имаа половичен успех. 
 
Куманово ја продолжија победничката серија и тоа на гостувањето во Тиват совладаувајќи го Теодо со 73:65, додека екипата на Кожув загуби од Башкими со 69:66.
 
А група - табела: Куманово 5-0 (победи-порази), Берое 3-1, Теодо 3-2, Кожув 1-4, Башкими 1-4 и Сигал Приштина 0-1.
Б група - табела: Фени Индустри 3-2 (победи-порази), Сутјеска 3-1, Трепча 2-2, Тирана 1-3, Карпош Соколи 1-3 и Пеќ 1-0.