Кошарка
9. November 2016 - 9:28

БИБЛ: Куманово продолжи со победи

Кошаркарите на Куманово ја продолжија победничката серија во БИБЛ лигата откако синоќа на домашен терен во „македонското дерби“ го победија Кожув со 84:76 (17:22; 23:19; 25:25 и 19:10). Кумановчани до победата стигнаа благодарение на подобрата игра во последната четвртина. Комплетната стартна петорка кај Куманово запиша двоцифрен број поени, а најефикасен беше Данило Мијатовиќ со 20 поени. Кај Кожув најмногу 20 поени постигна Миливое Мијовиќ.
Со оваа победа Куманово се проби на првото место во групата.
Пораз вчера на гостувањето во Никшиќ претрпе Фени Индустри. Сутјеска го совлада тимот од Кавадарци со 79:71 (24:17; 18:21; 21:11 и 16:22). Нашиот претставник одигра лошо во третиот период што беше решавачко за триумфот на домашната екипа. Најефикасен кај Сутјеска беше Марко Перовиќ со 21 поени, додека за Фени Индустри најпрецизен беше капитенот Кирил Николовски со 19 поени.
 
Табела А група: Куманово 6, Берое 6 бодови, Кожув 5, Теодо 3, Башкими 3, Сигал Приштина 1.
Табела Б група: Фени Индустри 6, Сутјеска 6, Трепча 4, Тирана 4, Пеќ 2, Карпош Соколи 2.
Вечерва се играат два натпревара: Карпош Соколи – Тирана (СРЦ „Кале“) и Теодо – Берое.