Кошарка
21. February 2017 - 12:26

БИБЛ: Кожув домаќин на Сутјеска

Во следните три дена ќе се одиграат натпреварите од Балканската кошаркарска лига – БИБЛ.
 
На отворањето на оваа рунда во натпревар од Ц групата Кожув во Гевгелија ја пречекува екипата на Сутјеска. Кожув има една победа, додека Сутјеска има два триумфа во вториот дел од сезоната. Почетокот на дуелот е во 19 часот.
 
Вториот натпревар од оваа група меѓу Берое и Фени Индустри се игра в четврток.
 
Утре се играат двата натпревара од Д групата: Карпош Соколи е домаќин на Теодо, а Куманово ја пречекува екипата на Пеќ.
 
Табела Ц група: Берое 4-0 (победи-порази), Сутјеска 2-2, Фени ИНдустр 1-3, Кожув 1-3.
 
Табела Д група:  Куманово 3-1, Теодо 2-2, Пеќ 2-2, Карпош Соколи 1-3.