Живот
24. October 2017 - 22:35

Би ја запалил куќата кога би видел вакво нешто! Ужасно суштество тероризира цел континент, никој не знае што е

Снимката од мистериозно битие, инсект кој потсетува на пеперуга, но има пипци кои пулсираат, ги згрози корисниците на интернет.

Ова суштество кое може да се најде во Азија и Австралија има тело на молец и 4 пипци кои му стрчат од стомакот. Инсектот се вика Creatonotos gangis.

Пипците кои стрчат всушност му се органи кои излачуваат феромони за да ги привлечат другите од овој вид за парење.

Видеото од застрашувачкиот инсект е снимено во Индонезија, а на Фејсбук го постави некој Гандик. За кусо време собра над милион прегледи.

Повеќето луѓе во Австралија, каде што ги има овие животни, во коментарите не може а да не изрази својата згрозеност од ова суштество.

-Би ја запалил куќата ако видам вакво нешто, е само еден од коментарите.