Балкан
17. December 2016 - 10:07

„Би-Би-Си“ признава: Ја бомбардиравме Србија со осиромашен ураниум – од рак ќе умрат уште 10.000 луѓе

Во еден од пет напади, американските воени авиони користеле осиромашен ураниум, а половина од 500.000 напади во кои тој бил употребуван биле бомби, покажува статистиката на Пентагон.

Во мај 1999 година, ОН го сокриле целосно од јавноста шокантниот извештај на шефот на првата мисија на УНЕП (Програма на ОН за човековата околина), Сенегалецот Бакари Канти, за еколошките последици од бомбардирањето на СР Југославија. Овој текст никогаш не е објавен од ОН, но некои негови делови „протекле“ во јавноста благодарение на американскиот независен новинар Роберт Парсон, известувачот од меѓународните институции во Женева.

Во наредниот период најмалку 10.000 луѓе ќе умрат од рак во Србија, предизвикан од  бомбардирањето со осиромашен ураниум, објавил британскиот биолог Роџер Кофил, а пренесува „Би-Би-Си“.

За оваа тема „Би-Би-Си“ пишуваше уште од 1999 година, а судејќи по зголемениот број на заболени од канцер на овие простори, црните прогнози се покажале и повеќе од точни.

Според Кофил, првиот знак на оваа проблематика е зголемената радијација во речиси сите центри на Балканот непосредно по бомбардирањето.

И додека Пентагон и Министерството за одбрана на Велика Британија и понатаму тврдат дека осиромашениот ураниум не е до таа мера опасен, британскиот биолог со тврди сосем спротивното.

– Она што е најопасно се честиците од прашината, која се подига после бомбардирање со осиромашен ураниум. Станува збор за бета емитери кои можат да „патуваат“ и до 300 километри, а нивното вдишување е смртоносно.

Споменатите честици се задржуваат во плуќата, а неретко завршуваат и во другите ткива, од кои највеќе страдаат бубрезите.

Првите знаци на труење, според британецот, се појавиле шест месеци после бомбардирањето, а првите случаи на леукемија се појавиле во 2000 година.

– Спрема моите пресметки од рак предизвикан од бомбардирање со осиромашен ураниум во наредниот период ќе умрат уште најмалку 10.150 лица. Нема да бидат поштедени ни војниците на КФОР, болничарите… Со еден збор, сите кои во тоа време се затекнале во споменатиот дела на Балканот – објаснил Кофил.

Своите тврдења Роџер ги поткрепува и со укажувањето на децата кои се родени со деформитети, како во Босна, така и во Ирак, каде што НАТО, исто така, користел осиромашен ураниум во бомбардирањето.

Тој додал дека и американските физичари на Универзитетот во Мериленд одамна дошле до истите заклучоци како неговите.