Би-Би-Си: Може ли Трамп да донесе мир на Блискиот Исток
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој за себе вели дека е „уметник за преговори“, ќе се обиде да го реши хаосот на Блискиот Исток, каде преговорите се повеќе од потребни, оценува Би-Би-Си.
На Блискиот Исток и пошироко многумина размислуваат за изјавите на Трамп за време на кампањата, на неговите духовити коментари, интервјуата по изборите и првите номинации на членовите на новиот претседателски кабинет.
Аналитичарите сметаат дека неговата надворешна политика ќе се заснова на контрадикторни импулси, но и дека треба да му се даде време.
- Тој сака да преговара, така што ќе има доста можности. Човекот, кој застана на чело на најмоќната светска сила е мошне непредвидлив. Тој или ќе отвори хотел во Иран или ќе завојува со Иран, оценува Би-Би-Си во својот коментар.
Трамп ќе се соочи со голем број „сложени зделки“, со кои веројатно ќе се обиде да ги реши војната во Сирија, конфликтот во Јемен, а особено Исламска држава и групите поврзани со Ал Каеда.
Според Би-Би-Си, Трамп веќе планира да најде мировно решение за судирите меѓу Израел и Палестинците, иако неговиот прв најголем тест ќе биде решавањето на шестгодишната војна во Сирија.
Трамп неколку пати нагласуваше дека сака добри односи со Москва, како и со претседателот на Сирија, Башар ал Асад, со цел да им се стави крај на џихдистичките групации.
- Не велам дека Асад е добар човек, тој не е тоа, но тој не е наш најголем проблем, туку ИД. Ние немаме идеја кои се бунтовниците на кои им помагаме. Ќе почекаме, ќе мора да направиме длабока анализа, заклучи Трамп во една своја изјава.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид