Безживотното тело на Ердон Рамадани идентификувано од семејството, ќе има и обдукција
– Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22 годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино.
-По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По пет дневна потрага телото беше најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.
Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучињa трагачи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите