Македонија
6. јуни 2018 - 20:56

Бежоска: Зголемените цени на нафтата се очекувани, нема да влијаат на инфлацијата

Растот на цената на нафтата на светските берзи е очекуван и нема да предизвика инфлаторни промени,најави  гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска на 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.Додавајќи дека нафтата е само една од компонентите што влегуваат во инфлацискиот индекс, која нема директен значаен ефект.

Ангеловска – Бежоска потенцира дека многу ќе зависи колку притисоците од тој ценовен ефект кај нафтата ќе се пренесе на останатите производи па оттаму евентуално да се види некој секундарен ефект.

Инаку на конференцијата во Охрид беше истакнато дека прифаќањето на дигитализациајта на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците зголемување на ефикасноста и овозможување поширок пристап до платежни услуги.