Живот
12. November 2018 - 23:08

Бездомник стана херој: Со количка за пазарање му се спротивстави на терористот, па му следуваше убава награда

Бездомникот Мајкл Роџерс, кој со количка за пазарење го спречи напаѓачот во Мелбурн, неочекувано доби награда од граѓаните, кои донираа над 36.000 американски долари за да му помогнат.

Роџерс со количката го спречувал Хасан Калиф Шајр Алија кој со нож нападна три лица, од кои едно почина.

Неговото однесување го снимија сведоци, и тој набрзо стана херој на социјалните мрежи.

Една хуманитарна организација брзо покрена акција за собирање на помош за Роџерс и до саботата вечер собрани се парите, а веројатно и уште повеќе ќе пристигнуваат. Како што се наведува, фондацијата ќе помогне околу неговото сместување.

„Ја турнав количката кон него и го погодив. Не го онеспособив баш. Не сум јас херој“, рече Роџерс.

 

 

Да потсетиме, напаѓачот три лица рани со нож, а едно уби во центарот на Мелбурн во петокот.

Мажот со сомалиско потеколо, пред да биде убиен од полицијата запали пикап камионет, а потоа избоде три лица, а според полицијата тој бил „инспириран од тн Исламска држава“, но не бил директно поврзан со групата.

Kurir.rs/Tanjug