Бездомничка направи фустан од три илјади бонбони и стана милионерка
Благодарејќи на Интернет и социјалните мрежи, денес и најлудата идеа која ќе ни падне на ум може да ги оствари соништата и да не претвори во милионери.
Сара Луис Брајан едвај излегувла на крај, работејќи како козметичарка и одгледување на нејзините две деца. Таа често се потпирала на помошта на нејзините пријатели за да може да ги нахрани децата и им даде покрив над главата, затоа што немале каде да спијат, пишува Бирмингем Мејл. Но, тоа се променило кога пред една година во сон и дошла идеја за уникатен предмет за облекување - фустан од Скитлес бонбони.
Иако поголемиот број на луѓе би се свртеле на другата страна и би продолжиле да спијат по таквкиот луд сон, Сара веднаш станала од креветот и почнала да пребарува на Интернет да види дали веќе постои таков фустан. Кога таа се уверила целосно дека тоа е плод на нејзиниот ум, почнала со работа. Секој ден работела шест часа, правејќи фустан и кога конечо бил готов, нејзината фотографија се прошири на Интернет и стана вирален хит.
За изработка на фустанот и требале 145 вреќичи или три илјади бонбони и 90 пакувања лепило, но таа успеала. Сето тоа би останало само уште еден хит на социјалните мрежи доколку фустанот не го забележа дизајнерската компанија Рипли и ја вработи младата дизајерка. Сега таа има сопствена дизајнеркса линија наречена по неа и прави облека и чанти кои ги купуваат славните, вклучувајќи ги и сестрите Кардашијан.
Сара е најверојатно најдобар пример дека ниту една идеа не е доволно луда за да не може да успее.
Ново на Сител
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија