Балкан
3. July 2016 - 9:43

Безбедноста на аеродромот во Тирана потфрли, а за тоа се трошат по девет милиони евра годишно

Додека се уште трае истрагата за спектакулараниот грабеж што се случи, среде бел ден на 30 јуни, на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“во Тирана, албанските медумите јавуваат за уште еден „скандал“

Имено, за да се провери будноста на обезбедувањето, десеттина дена пред грабежот, направена е вежба, при што две лица без никаков проблем влегле во аероромот и стигнале до пистата, при тоа внесувајќи експлозив и ножеви.

Во меѓувреме, медиумте пренесуваат информација колку средства всушност се трошат на име обезбедување на аеродоромот.

- Од верификувани податоци произлегува дека за една година се трошат девет милиони евра само за да се гарантира безбедноста на аеродромот, единственото место од каде Албанија се поврзува воздушно со другите земји во светот. Со обични зборови кажано, секој граѓанин кој патува од овој аеродром плаќа такса од 3-5 евра за секое патување, пишува „Опињон“, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

За безбедноста внатре во ародромот ангажирана е компанијата „ICTS“ додека за безбедноста надвор - компанијата „Назери“.

Инаку, грабежот го извршиле три вооружени и маскирани лица, кои го минале целиот систем на безбедност на аеродромот „Мајка Тереза“ и стигнале до аеродромската писта. Откако зеле неколку вреќи со пари на банка кои требало да бидат транспортирани со авион, побегнале од местото на настанот со автомобилот кој влегол на пистата. Во вреќите имало најмалку 200 илјади евра.

Во полиција на распит биле повикани триесеттина лица, но засега од разбојиците ни трага ни глас, освен што на денот на грабежот полицијата го најде автомобилот, што тие го запалиле.

Полицијата, вчера доцна попладне, распиша награда од 30 илјади евра за добиена информација околу местото каде се засолнети разбојниците.