Македонија
23. March 2019 - 16:18

Безбедносните експерти повикуваат да се ажурираат стратешките документи во државата

Западниот Балкан се наоѓа во клучен период за стабизилација на регионалната безбедност .

По завршувањето на билатералните спорови помеѓу Скопје и Атина а наскоро и со решавањето на односите помеѓу Белград и Приштина ќе се затвори едно значајно поглавје и ќе се пристапи кон европските интеграции.

Добрите познавачи велат дека т.н. модерна криза произлегува токму од билатерантните спорови меѓу земјите во регионот кои непосредно се одразуваат врз безбедноста и меѓународните односи.

Потребно е ажурирање на сите безбедносни и стартешки документи на Р.С.М .бидејќи сите безбедносни политики се постари повеќе од 5 до 8 години и  неможат да одговорат ниту  на времето ниту на  просторот.

Професорот Ѓуканович вели дека особено е значајно влијанието на центрите од Вашингтон  и Берлин во решавањето на билатералните спорови нивното усогласување  е клучот да се дојде до решение.

На Регионалната школа за безбедност беше потенцирано дека според сегашните проценки не се очекува нов  бран на мигранти но секогаш безбедносниот систем и системот за управување со кризи  треба да биде подготвен .