Свет
9. January 2020 - 10:55

Безбедносни камери ги снимиле првите секунди од несреќата на украинскиот „Боинг 737-800“

Снимките од безбедносните камери во првите секунди од несреќата на украинскиот „Боинг 737-800“ во близина на Техеран покажува блесоци светлина, а по извесно време огромна експлозија ја тресе околината, при што од небото паѓаат запалени остатоци. Потоа се гледа како остатоците согоруваат.

Во авионот загинаа сите 176 лица кој се урна веднаш по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран. Локалните власти веруваат дека техничко прашање, евентуално откажување на моторот, е виновно за несреќата што стана најсмртоносна во поновата историја на Украина.