Македонија
29. August 2016 - 16:40

Безбедносната состојба во РМ пред комисија за надзор над работата на УБК и на АР

Будно се следат ризиците и опасностите од терористички напади во Македонија. Бегалската криза и новиот бран мигранти кој се очекува да допре до брегот на Европа дополнително ја зголеми соработката меѓу домашните институции задолжени за одбрана на граѓаните и уставниот поредок. Членовите на комисијата за надзор на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање прудружени од претставници на овие институции поради тајноста на информациите зад затворени врати ги разгледаа извештаите за моменталната состојба.

Според Локвенец кој говореше во име на сите членови, комисијата врши не само следење на тековите туку и превенција на потенцијалните закани од терористички напади.

На затворената седница на барање на комисијата писмени информации за безбедносната состојба во Македонија доставиле Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање а на седницата присуствуваше и претставник на военото разузнавање кој усно ги презентирал информациите.