Македонија
4. February 2020 - 10:51

Без вода за пиење североисточниот дел од Тетово поради дефект на водоводната мрежа

Поголем дел од Тетово остана без вода за пиење поради пукање на една од главните водоводни цевки во централното градско подрачје на улицата „Илиденска“.

Поради дефектот во водоводната мрежа без вода за пиење привремено ќе бидат домаќинства и објектите во реонот од плоштадот кон стадионот и касарната.

– Поради дефект во главната водоводна мрежа ф-125 во улица „Илинденска“ ќе има прекин на водоснабдување на дел од граѓаните, во времетраење од 10 часот па се до санирање на дефектот. Работниците на работната единица „Водовод и Канализација“ ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, инфомираат од тетовското комунално претријатие.

Во моментот Тетово се снабдува со 300 литри вода во секунда.