Македонија
19. јуни 2016 - 11:46

Без вода утре повеќе делови од Скопје

Без вода утре од 22 часот до завршување на работите ќе останат корисниците од селата Синѓелиќ, Инџиково и Стајковци, населбата Ченто и Економија, во општина Гази Баба.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа со пречник од Ф – 400 на крстосницата од улиците „Маџари“ и „Методија Андонов Ченто“.