Македонија
19. February 2020 - 9:55

Без вода утре неколку скопски населби

Без вода утре ќе останат корисниците од населбите Чаир, Топанско Поле, Бутел 2, Гази Баба, високата зона во населба Железара и Гинекологија Чаир од 23 часот до завршување.

Прекинатото водоснабдување, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје е поради реконструкција на усисниот дел на пумпа број 5 во П.С.Гази Баба.