Македонија
24. July 2017 - 18:54

Без вода утре Министерството за правда и улицата „Никола Вапцаров“

Од 8 часот утре без вода ќе бидат жителите на улицата „Никола Вапцаров“ и објектот на Министерството за правда, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од „Водовод и канализација“.

Причина за прекинот е промена на затварач од ф – 6/4 мм на ул. Никола Вапцаров бр.2 во населбата Центар.

Од РЦУК информираат дека вода ќе нема се до завршување на работите.