Македонија
11. July 2017 - 20:21

Без вода утре корисниците покрај бул.„Авној“

Без водоснабдување утре од 9 часот до завршување на работите ќе останат корисниците покрај бул.„Авној“ во општина Аеродром.

РЦУК по известување од ЈП „Водовод и канализација“, Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на  затворач од типот „шибер“ за водоводни  цевки со пречник 200mm, на бул. „Србија“ до бензинската пумпа „Лукоил“.