Македонија
17. September 2019 - 18:01

Без вода утре корисниците од населба „11 Октомври“

Без вода утре од 9 часот остануваат корисниците од населбата „11 Октомври“ во Општина Кисела Вода.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник ф-80мм на ул. „Лазар Димитров“ и ќе трае се до санирање на истиот.