Македонија
30. јуни 2016 - 15:29

Без вода утре корисниците од Маџир Маало

Без вода утре во периодот од 08:00 часот па се до завршување на работите ќе останат корисниците од населба Маџир Маало, во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на улица „Титовелешка“ број 79 во општина Центар.