Македонија
3. November 2015 - 19:23

Без вода утре корисниците од булевар „Митрополит Теодосиj Гологанов“

Поради изведување на градежни работи утре жителите на  булеварот „Митрополит Теодосиj Гологанов“ 32 ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

ЈП Водовод и Канализација, ги известува граѓаните дека на 4 ноември поради изведување на водоводен приклучок од  Ф - 150 на бул. Митрополит Теодосие Гологанов 32, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на еден дел од истиот булевар од 9:30 часот па се до завршување на работите.