Македонија
26. December 2016 - 12:37

Без вода утре корисниците на потегот од Усје до Зелениково

Без вода утре, во периодот од 8:15 часот па се до отстранување на дефектот, ќе останат корисниците на потегот од Усје до Зелениково, односно Усје, Пинтија, Пржино, Драчево, фабриката Охис, Студеничани, Моране, Зелениково и Долно Лисиче.

Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 600 мм на булеварот „Борис Трајковски“ б.б. до Техноскоп.