Македонија
26. September 2017 - 17:48

Без вода утре делови од Гази Баба и Аеродром

Без вода утре ќе останат делови од општините Гази Баба и Аеродром, информираат од РЦУК Скопје.

Заради промена на три затворачи во Парк шумата „Гази Баба“ без вода од 23:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од населба Железара, дел од корисниците од населба Автокоманда, и улиците „Трифун Хаџијанев“, „Ташко Караџа“ и „Јани Лукровски“ од општина Гази Баба.

Заради санирање на дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на ул. „Владимир Комаров“ бр. 7, без водоснабдување утре од 8:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците од ниската зона на ул.„Владимир Комаров“ бр. 7 и бр. 9 во општина Аеродром.