Македонија
27. January 2020 - 15:25

Без вода утре дел од Општина Аеродром

Без вода утре од 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Фрањо Клуз“ и „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на улицата „Фрањо Клуз“, во близина на бензинската пумпа на „Мак Петрол“.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.