Македонија
16. September 2015 - 19:05

Без вода утре дел од населбата Водно

Поради уличен дефект на затворач Ф -200мм. на раскрсницата  Салвадор Аљенде со Партение Зографски во населбата Водно, утре ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Салвадор Аљенде, Партение Зографски, Ацо Караманов, Питу Гули, Димитар Пандилов, Капиштец, Караорман, Ганчо Хаџипанзов, Драмска, Ѓорѓи Скрижевски, Востаничка, а намален притисок ќе има Детската болница - Клинички центар.

Како што информира РЦУК Скопје, утре без вода ќе останат и Детската болница Козле, градинката Кочо Рацин, ОУ Кочо Рацин,  како и сите амбасади и конзуларни преставништва на наведените улици до санирање на дефектот.