Македонија
6. March 2017 - 17:13

Без вода утре дел од Маџар Маало

Без вода утре од 08:30 часот до завршување на работите ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 2 цола на улица „Велешка“ број 51.